Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон (33), пред пет месеци се породи со своето второ дете, принцезата Шарлот, а сега конечно дојде моментот таа да се врати на своите кралски должности.
Посетата на центарот „Ана Фројд“ во Лондон беше прво нејзино самостојно појавување во јавноста по породилното отсуство.
Новиот имиџ на Кејт предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи, а нејзините обожаватели сметаат дека новата фризура и дала свеж и младешки изглед.
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам во 2013 година го добија своето прво дете, принцот Џорџ, а оваа година во мај ја добија и малата принцеза Шарлот.





