Новиот документарен филм за животот на пејачката Бритни Спирс неодамна се емитуваше на „Фокс“ и во него се прикажани некои застрашувачки детали од нејзиниот живот.
Имено, документарниот филм „Бритни Спирс: Цената на слободата“, кој го направи продуцентската куќа „ТМЗ“, се фокусира на нејзиниот живот по 13 години „заробеништво“. Сепак, според медиумите, таа само повремено учествува во некои активности низ дома.
„Бритни живее во виртуелна изолација. Поголемиот дел од времето го поминува сама дома“, изјавил извршниот продуцент на ТМЗ.
Се тврди дека таа ноќите ги поминува возејќи со часови низ Лос Анџелес. Посочуваат дека спие со денови, а потоа консумира разни енергетски пијалоци за да остане будна со денови. Слободното време дома го поминува во изолација вежбајќи и објавувајќи разни необични содржини на социјалните мрежи.
По овој документарец, медиумите се обидоа да дојдат до нејзините претставници за коментари, но таа не се огласи. Нејзиниот сопруг Сем Ашгари го осуди објавувањето на документарецот, нарекувајќи го одвратен.


