Ново истражување ја открива врската помеѓу коронавирусот и крвната група

Во текот на пандемијата на коронавирусот, многу научници се обидуваат да откријат дали постои група на луѓе кои имаат поголема веројатност да се заразат со коронавирус.

Едно претходно истражување покажа дека постои поголем ризик луѓето од крвна група А да бидат заразени со коронавирус.

Но, според најновото американско истражување, што опфаќа најмногу испитаници досега, нема доволно докази кои сугерираат дека крвната група влијае на ризикот од сериозно заболување со Ковид 19 или можност за заболување.

Студијата опфатила околу 108.000 луѓе кои биле тестирани за овој вирус или биле хоспитализирани поради Ковид 19 во три сојузни држави на САД. Резултатите од оваа студија се објавени во американското медицинско списание „JAMA Network Open“ и укажуваат дека нема, или барем не е пронајдена врска помеѓу крвната група и коронавирусот, сериозноста на симптомите на болеста и веројатноста за хоспитализација.

.

]]>

Најчитани вести