Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон e фотографирана на имотот Балморал заедно со нејзиниот сопруг, принцот Вилијам и синот. Ова е прво појавување на принцезата во шкотска црква откако во март откри дека боледува од рак.
На фотографијата Кејт седи на совозачкото седиште во автомобилoт, облечена во карирано палто и носи капа украсена со пердуви.

Принцезата, која сè уште оди на превентивна хемотерапија, годинава помалку се појавуваше во јавноста. Таа присуствуваше на прославата на роденденот на кралот Чарлс во јуни и на машкото финале на Вимблдон во јули, каде што му го врачи и трофејот на победникот. Кејт започна со лекување во февруари, а за нејзиниата состојба многу малку се знае. Во една прилика таа изјави дека „добро оздравува“, додавајќи дека искрено имала „добри и лоши денови“.
„Лекувањето е во тек и ќе трае уште неколку месеци. Во деновите кога се чувствувам добро, се радувам да занимавам со училишните обврски на децата, да го трошам времето на работи кои ми даваат енергија и позитивност, како и обврските низ дома – изјави тогаш Кејт.


