Oбјавен идентитетот на напаѓачот на Капитол

Meдиумите од САД го објавија идентитетот на напаѓачот на Конгресот. Според Ен-Би-Си, станува збор за 25 годишниот Ноа Грин од Индијана.

За потсетување, Конгресот во Вашингтон беше затворен некое време поради безбедносна закана. Напаѓач со автомобил влетал во оградата, при што биле повредени двајца полицајци. Напаѓачот по ударот излегол од возилото и со нож нападанал еден од повредените полицајци, по што бил застрелан од трет полицаец.

Осомничениот е префрлен во болница, но многу брзо им подлегнал на повредите.

Двајца полицајци исто така веднаш добиле медицинска помош, но едниот од нив, Вилијам „Били“ Еванс, наскоро починал од повредите. Еванс работел во обезбедувањето на Капитол 18 години.

]]>

Најчитани вести