Од 155 казнети возачи во Скопје, 34 се за брзо возење

На територија на Град Скопје вчера во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот изречени се вкупно 155 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции, 23 мерки за возење без возачка дозвола, 16 санкции за технички неисправни возила.

– Изречени се 23 мерки за возење под дејство на алкохол, две санкции за зборување на мобилен телефон, шест мерки за некористење на сигурносен појас, 10 санкции за возач почетник, четири санкции за минување на затворен сигнал црвено светло, соопштија денеска од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

МИА

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести