Од коронавирус почина докторката Билјана Ичева

Почина докторката Билјана Ичева од ковид-19 на 61-годишна возраст. Ичева која беше вработена во Негорските минерални Бањи беше хоспитализирана на Инфективната клиника во Скопје, меѓутоа ја изгуби битката со вирусот, информира порталот Гевгелија.нет.

Докторката Ичева беше специјалист физиотерапевт, а заврши Медицински Факултет во Скопје. Беше по потекло од Гевгелија, сопруга на Божин Ичев, д-р ренгенолог вработен во Општа Болница Гевгелија, а мајка на две деца.

Нејзиниот сопруг со дијагноза ковид-19 се уште е на клиничко лекување на Инфективна клиника во Скопје.

]]>

Најчитани вести