Полициски притвор од 24 и 48 часа им е одреден на приведените опозициски советници, пратеници и активисти по денешните инциденти пред Собранието на Нови Сад, додека траеше седницата на која се избираше новиот градоначалник, пишува Нова.рс.
Во текот на попладневните часови, се приведени членот на Партијата на слободата и правдата (ССП) во Собранието на градот Нови Сад Владимир Врсајков, функционерот на Движењето на слободни граѓани Срѓан Ѓуриќ, основачот на движењето Солидарност Горан Јешиќ, секретаротна пратеничката група БравоБрајан Брковиќ и покраинскиот пратеникна Народно движење Србија во Собранието на Војводина Предраг Драгојевиќ.
Предраг Драгојевиќ се товари за кривично дело напад врз службено лице и му е изречена мерка притвор од 48 часа.
Како што е потврдено за агенцијата Бета, на Срѓан Ѓуриќ му е одреден 24 часовен притвор, а обвинет е за дрско и несовесно однесување и утре ќе биде изведен пред судија.
По истиот основ се приведени Брајан Брковиќ и Владимир Врсајков.
Задржување од 24 часа е одредено и за Горан Јешиќ.
Тие се наоѓаат во станицата „Стари град“, каде се собираат градските советници од различни опозициски партии, активисти и граѓани.
Сите приведени денеска биле на протестот пред Градското собрание на Нови Сад, кога демонстрантите фрлаа јајца, јогурт и брашно кон полициските кордони кои обезбедуваа одржување на седницата на градскиот парламент на која бил избран новиот градоначалник.


