Ограбена црквата во гостиварско Ново Село

Непознати сторители провалиле во селската црква „Св.Јован“ во гостиварското село Ново Село и украле икони, пари и дрвен крст.

Од црквата биле одземени четири постари икони, околу 300 денари и дрвен крст.

Случајот бил пријавен вчера од жител на селото. Според СВР Тетово, кражбата во црквата „Св. Јован“, се случила во периодот од 23 до 26. февруари.

По извршениот увид утврдено е дека провалниците во црквата влегле со кршење на бравата на влезната врата.

Од почетокот на годинава, на подрајчето кое го покрива СВР Тетово, регистрирани се десетина провалувања и оштетувања на црковни имоти.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести