Двеста илјади демонстранти се собраа денеска во Атина пред зградата на грчкиот парламент, протестирајќи против корупцијата за која тврдат дека довела до железничката несреќа пред две години, една од најголемите трагедии во Грција.
Демонстрациите што се денес и на други места низ Грција ги водат роднините на 57-те жртви од директниот судар на патнички воз со товарен воз на денешен ден во 2023 година.
Засега обвинети се само железничарите, а демонстрантите тврдат дека причина за несреќата е корупцијата и неспособноста на врвот на власта, пред се на Владата, која одби дури и политички да одговара за смртта, известува Н1.
Во Грција денеска е генерален штрајк, со откажани летови и железнички услуги, приземјени траекти и сериозно нарушен јавниот превоз низ целата земја.
Приватните бизниси и јавните услуги главно не работат, а многу продавници во Атина се затворени.
🟡 NOW: Greece is at a standstill as hundreds of thousands join a general strike on the second anniversary of the country’s deadliest rail disaster. The train crash, caused by institutional failure, killed 57 two years ago. pic.twitter.com/Hw8Mb0muJh
— red. (@redstreamnet) February 28, 2025
Повеќе од 5.000 полицајци се во Атина за да ги смират немирите, а некои демонстранти фрлаат камења и „молотови коктели“ врз полицијата.
Семејствата на жртвите ги повикаа демонстрантите да се фокусираат на сеќавањето, а не на политиката.


