Ѓоковиќ со емотивна порака: Се молам за сите луѓе

„Се молам за сите луѓе, особено за оние на кои сега најмногу им треба поддршка и молитва. Да се лекуваме и да дозволиме сите заедно да го надминеме овој вирус. Се наоѓаме во тешко и предизвикувачко време. Многу луѓе страдаат и сега е потребно сите ние да се обединиме и колективно да разбереме што е најдобро за нас да станеме поздрави, помудри и благодарни од сето ова. Благодарен сум за големата посветеност и енергија што ја вложуваат трудољубивите и благородни луѓе во медицината за да им помогнат на голем број луѓе кои имаат потреба од тоа.

Ве молам, останете дома во карантин за да помогнете на луѓето во критична состојба. Да се обидеме да не ги оптоваруваме уште повеќе. Искрено, сметам дека карантинот за многу луѓе сега е добредојден. Мене ми дозволува да поминам квалитетно време со својата фамилија. Да се смеам, да ги сакам, да се гушкам со нив. Да сфатам колку едноставните работи го прават животот исполнет и комплетен. Постојаното патување е карактеристично во денешно време, а сега, со останувањето дома не само што ќе помогнеме вирусот да не се рашири, туку имаме можност да се посветиме на себе и со сите потиснати емоции, потсвесните програми за кои никогаш се нема време. Наметнатата ситуација е потсетник дека треба да работиме на себе. Да пронајдеме мир, да го вежбаме својот ум да мислиме на среќни и позитивни мисли што почесто, да се молиме, да читаме, да пишуваме, да пееме, играме, свириме… Сето тоа во корист на подигнување на личните вибрации, а со самото тоа и на вибрациите на целата планета и сите луѓе, животни и нашиот еко-систем.

https://www.instagram.com/p/B-CQ5WAnNz-/?utm_source=ig_embed

-Порака од Новак Ѓоковиќ

]]>

Најчитани вести