Органите да ги пронајдат вистинските сторители на обидот за атентат. Доктор Зекирија Шаини од местото каде сред бел ден – маскирано лице пукаше врз него побара итна и професионална истрага. Отфрли било каква поврзаност на неговата сопруга во инцидентот – која полицијата ја уапси а обвинителството по 24 часа ја ослободи.
Од Основното јавно обвинителство, информираа дека денеска до кај нив е доставена кривична пријава поврзана со оштетениот. Но, пријавата како што појаснуваат оттаму се однесува на претходно упатувачки закани кон докторот каде е вмешана неговата поранешна сопруга.
Основно јавно Обвинителство
– До Основното јавно обвинителство Куманово денеска е доставена кривична пријава за загрозување на сигурноста против едно лице, како и за поттикнување при извршувањето на тоа дело против поранешна сопруга на оштетениот. Пријавата се однесува на претходно испратени заканувачки пораки и закани, додека индициите за евентуална инволвираност на овие осомничени, но и на други лица во инцидентот со пукањето се уште се проверуваат.
Докторот Шаини кој е и носител на советничката листа на ДУИ за Липково, вели дека не стравува за својата безбедност. Денеска ќе има свое обраќање на митингот во Липковоо. Но апелираше неговата политичка активност партиите да не ја поврзуваат со обидот за убиство.
Доктор Шаини беше погоден со четири куршум во десното колено и левата подлактица. Полицијата вечерта ја уапси сопругата на Шаини поврзувајќи ја со инцидентот. Лицето пак кое пукаше во докторот според МВР е 36 годишен гостиварец против кого се уште се трага.
Но, најавените кривични пријави од полицијата и по три дена од инцидентот се уште не се поднесени до обвинителството кое вчера ја ослободи сопругата на Шаини поради немање на докази за делото за кое полицијата ја осомничи.
извор: 24.mk


