Осимен сака да се пресели во Челзи, а не во ПСЖ, Наполи за напаѓачот ќе бара 130 милиони евра

Виктор Осимен одлучи кариерата да ја продолжи во Премиер лигата. Според новинарот Емануеле Камарото, фаворити во борбата за напаѓачот на Наполи се Челзи и ПСЖ.

Парижаните го гледаат Нигериецот како замена за Килијан Мбапе, кој реши да го напушти клубот ова лето. Сепак, самиот Осимен е склон да се пресели во лондонскиот клуб.

Се известува дека Наполи очекува да добие околу 130 милиони евра за Осимен, што одговара на сумата наведена во неговиот договор.

Оваа сезона Осимен има осум гола и две асистенции на 14 натпревари во Серија А

МИА