Ослободете се од првутот со домашна маска за коса: 4 природни состојки помагаат кога се користат заедно

Првутот е чест проблем со кој се соочуваат многу луѓе, иако може да биде непријатен и фрустрирачки. За среќа, постојат ефективни начини за борба против него. Пронајдовме домашна маска против суво теме и првут.

Хранливата маска- пилинг помага да се отстранат мртвите лушпи и го спречува сушењето на скалпот, а служи и како одличен хидратантен пилинг за лице. Шеќерот во него се претвора во гликолна киселина, која ги раствора мртвите клетки на кожата. Кокосовото масло е богато со масни киселини и има антиинфламаторни својства. Маслото од нане помага за подобрување на циркулацијата на крвта во темето, додека маслото од чајно дрво има антигабични, антимикробни и антибактериски својства.

Состојки: 2 лажици кокосово масло 4 лажици кафеав шеќер 2 капки есенцијално масло од нане 2 капки масло од чајно дрво

Подготовка: Измешајте ги сите состојки во помал сад. Нанесете ја маската со прстите на скалпот и прамените. Распоредете ја маската рамномерно и масирајте до 3 минути. Измијте ја маската по 5-10 минути со топла вода и шампон.

Најчитани вести