На синоќешната премиера на филмот „About My Father“, актерот Роберт де Ниро за „Page Six“ одговори на прашањето дали е изненаден што на 79-годишна возраст станал татко по седми пат.
Де Ниро одговори: „Не“.
Всушност, тој појасни дека бременоста била „планирана“.
Претходно во текот на денот, претставниците на холивудската ѕвезда потврдија дека тој добил уште едно дете, но не го открија името или полот. Исто така, не го открија ниту идентитетот на мајката.
Сепак, неговата помлада девојка Тифани Чен минатиот месец беше фотографирана со труднички стомак. Двојката се запозна во 2015 година на снимањето на „The Intern“.


