Откриено зошто Трамп се налутил на Зеленски! Пред средбата му рекол да го направи ОВА и се тргнало наопаку

Зеленски одбил да облече костум за време на состанокот во Овалната соба

Американски новинар го критикуваше Зеленски за недостаток на почит кон кабинетот

„Денеска баш се средил“, била првата реченица на американскиот претседател Доналд Трамп кога во петокот се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски пред Белата куќа, пред средбата која заврши со расправија.

Трамп мислел на препознатливата црна маица на Зеленски во воен стил со украинскиот грб, која ја носи од почетокот на руската инвазија во 2022 година.

– Зошто не носиш костум? – прашал Брајан Глен, новинар на конзервативната телевизија „Real America’s Voice“.

– Вие сте во највисокиот кабинет на оваа земја, и одбивате да носите костум. Дали воопшто имате одело? На многу Американци им пречи тоа што не го почитувате достоинството на овој кабинет – рекол Глен.

Според новинарите кои биле во просторијата, токму ова прашање ја расипало до тогаш пристојната атмосфера. Зеленски видно уморен и иритиран одговорил: „Ќе носам одело кога ќе заврши војната“.

Потоа му дофрлил на новинарот: „Можеби нешто како вашето, да. Можеби нешто подобро, не знам. Можеби нешто поевтино“. Во собата се слушало смеа, но било јасно дека прашањето за костумот е одраз на пошироката замерка на делови од американската десница, која смета дека Зеленски не покажува доволно благодарност за американската помош, пренесува Би-би-си.

Глен инаку е познат како голем поддржувач на Трамп и партнер на пратеничката од радикалната десница Марџори Тејлор Грин.

Аксиос: Трамп претходно му кажал на Зеленски да дојде во костум

И додека конференцијата продолжи со прашања за испраќање американско оружје во Украина, Трамп на крајот повторно ја споменалоблеката: „Ми се допаѓа твојата облека“, рекол тој, покажувајќи кон Зеленски: „Мислам дека е одлично облечен“.

Според американски „Аксиос“, работите биле поинакви во позадина. Белата куќа, наводно, побарала од Зеленски да облече костум и се навредила кога тој не го облекол.

Средбата траела уште дваесетина минути додека потпретседателот Венс не го прекинал разговорот и не упатил нови обвинувања за „непочитување“. Тој му се обраќал на Зеленски со „Господине Претседател“, додека Зеленски му се обраќаше со „ЈД“.

Расправата ескалирала, а Зеленски, без одело, на крајот бил исфрлен од Белата куќа, додека односите меѓу САД и Украина паднаа на ниско ниво, пишува српски Блиц.

Најчитани вести