Во Ротердам, во срцето на едно креативно соседство, “изникна” проектот кој “крена прашина” со својата актуелност и специјална еко-мисија. Тоа е најновиот проект на интерактивниот уметник Daаn Roosegarde и неговото студио, кои создадоа едно парче технологија спакувано во кула, која треба да ги прочисти загадените урбани неба над големите градови, пишува сајтот supermodulor.mk
Roosegaarde и неговиот тим од експерти патентираа јонска технологија за да изградат огромна правосмукалка за смог. Оваа “кула која ослободува од смог” произведува меурчиња во јавниот простор, кои се врзуваат со честиците од смогот, создавајќи здрав и чист воздух за дишење.

Бидете сигурни дека ништо не оди во отпад. Студиото Daаn Roosegaarde собраните смог – честици ги искористува за да направи дијамантски накит од компресиран јаглерод. Оваа кула која го чисти воздухот, нема за цел да остане во Ротердам, туку ќе го обиколува светот, и тоа во најзагадените дестинации.
Па, така во преговори со некои од владите, невладини и еколошки организации, оваа кула на Daаn Roosegaarde, веќе е резервирана за посета и прочистување на Пекинг и Мумбаи.
“Уморен сум од чекање на политичарите”- кажува уметникот Roosegaarde.-”Сакам да го решам проблемот, сега!”
Извор: supermodulor.mk





