Ова овошје и зеленчук содржи најмногу и најмалку пестициди

Секоја година, организацијата „Environmental Working Group (EVG)“ ги анализира најновите податоци од Министерството за земјоделство на САД (USDA) со цел да создаде листа на неорганско овошје и зеленчук со најмногу и најмалку пестициди. Ова овошје и зеленчук има најмногу пестициди: јагода, круша, јаболка, грозје, боровинка, цреша, праска, кељ, боранија, спанаќ и пиперки.

Резултатите се добиени со земање на 46.569 примероци од најконсумираните овошја и зеленчуци, кои потоа биле измиени и исчистени исто како што ние би го направиле тоа дома. Интересно е тоа што за разлика од лани оваа година дињата ја нема во листата со најмалку пестициди, додека боранијата и боровинките се најдоа на листата со најмногу пестициди, бидејќи кај нив е констатирана голема присутнност на пестициди кои се поврзуваат со болести на нервниот систем.

Овошје и зеленчук со најмалку пестициди: манго, ананас, авокадо, папаја, киви, диња и лубеница а од зеленчук: морков, благ компир, печурки, зелка, грашок шеќерец, аспарагос, кромид, пченка и зелка.

Најчитани вести