Панчев: Ако бидеме како еден тим, ќе ја добиеме оваа битка

Легендарниот голгетер од минатото, Дарко Панчев, смета дека моменталната ситуација со КОВИД19 може да се победи само со дисциплина.

Еден од најдобрите асови во историјата на македонскиот фудбал, минувајки го времето во изолација, истакна како може да се спаси ситуацијата со пандемијата.

„Малку се досадувам, малку гледам и кон ТВ. Воглавно сум со фамилијата, со децата кои се малку понервозни од нас. За сега сме дисциплинирани, мора да бидеме такви затоа што оваа болест е силна и тешка. Потребно е да се слушаат надлежните органи и да се почитуваат правилата, како во Скопје, така и во Србија. Стручнаците истакнаа дека најдобра превенција и спас е изолацијата, така да го почитувам тоа. Верувам дека со дисциплина можеме да ја оствариме конечната победа“.

„Гледајки ја целосната ситуација во Европа, посебно во Италија, Шпанија и Германија, ние за разлика од нив немаме преголем број на заразени. Се е тоа во некоја рака нормално, а доколку, повторувам, бидеме како еден тим, ако бидеме дисциплинирани, за еден месец би можеле да ја добиеме оваа битка, која излезе дека воопшто не е наивна“, истакна Панчев за официјалниот сајт на Црвена Звезда.

Извор: Спортклуб.мк

]]>

Најчитани вести