Парис Хилтон и честиташе роденден на Ким, и ја потсети на времето кога и била слугинка

Американската богаташка , диџејка и трендсетерка Парис Хилтон (34) се сетила на роденденот на својата поранешна најдобра пријателка, старлетата Ким Кардашијан (35) на многу интересен начин.

Со оглед на тоа што бројните фанови на Ким заборавиле дека таа стана светски позната откако во јавност протече нејзината домашна порно-снимка со поранешното момче , раперот Реј Џи, а подоцна и со семејното реално шоу, Парис одлучила да ја потсети.

И не само тоа, контроверзната богаташка и наследничка на синџирот хотели „Хилтон“ се присетила на периодот кога Ким и била лична асистентка , односно подобро кажано „лична слугинка“ и „потрчко“.

paris_kim

Ким ја служела Париз, и ги масирала стапалата, и ги исполнувала сите желби, а Парис за возврат ја шетала насекаде со себе.

Парис се присетила и на моментот кога заедно биле во Австралија и токму таа фотографија ја објавила на социјалните мрежи.

Ким е родена на 21 октомври 1980 година.

paris_kim2

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести