Сојузот на синдикатите на пензионираните воени лица на Србија, во соработка со Сојузот на синдикати на пензионери на Србија и Синдикатот на пензионерите Независност, во среда, на 5-ти февруари на Плоштадот на Републиката во Белград, организираат собир на пензионери за поддршка барањата на студентите кои се уште не се исполнети, се вели во соопштението.
Собирот започнува во 10:30 часот.
„Потоа пензионерите со своите пораки ќе прошетаат до Студентскиот плоштад за да го изразат својот восхит и благодарност до студентите за нивното единство, доследност и истрајност во протестите и заедно со нив да им оддадат почит на загинатите на железничката станица во Нови Сад и во пожарот во Домот за стари лица Ивановиќ во Бараево.““, се додава во соопштението.
Како што посочуваат, со денови ја следат и поддржуваат „џиновската“ борба на студентите на улиците за сопствената иднина и иднината на Србија, во која ќе преовладуваат Уставот, законите, емпатијата и солидарноста.


