По 14 години во кома, пациентка родила здраво машко дете, се знае и кој е таткото

Пациентка во здравствена установа во Феникс, Аризона, се породила на дваесет и деветгодишна возраст, а нејзиниот случај ја шокираше јавноста бидејќи била во вегетативна состојба повеќе од една деценија. Персоналот што се грижел за неа не знаел дека е бремена се додека таа не започнала да се породува и родила здраво машко бебе на 29 декември 2018 година.

Пациентката бил силувана неколку пати, а во врска со оваа ситуација во јануари 2019 година е уапсен медицинскиот брат Нејтан Сатерленд, кој тогаш имал 36 години. Директорот на „Hacienda HealthCare“ по случајот веднаш си дал оставка. Медицинскиот брат е обвинет за сексуален напад и злоупотреба на ранливи возрасни лица, објави АП претходно, пренесе „Rollingstone.com“.

На почетокот на јануари 2019 година, полицијата со судски налог земала ДНК примерок од сите вработени мажи во болницата за да се утврди кој ја силувал жената која била во вегетативна состојба. Во 2019 година, пациентката била веќе четираинаесета година во кома.

Инаку, жената била член на локалното племе Апачи. За случајот, во името на ова племе, се огласил Тери Рамблер, кој изјавил дека е шокиран и ужаснат од третманот што го добила нивната членка.

„Кога имате некој близок кој е на палијативна нега, кога е најранлив и зависен од други, им верувате на неговите старатели За жал, на еден од нив не требало да му се верува и тој ја искористил“, изјави Рамблер во 2019 година.

Во анонимно интервју за ABC-15, поранешната старателка на пациентката изрази неверување дека нејзината бременост поминала незабележана.

„Не можам да поверувам дека некој кој ја капел секој ден девет месеци, не забележал дека таа не добива повеќе месечен циклус, дека стомакот ѝ расте и дека медицинските сестри не ја следеле нејзината тежина. Тоа ме шокираше “, изјавила таа.

Семејството на пациентката го прифатило бебето и изјавило дека нејзиниот син ќе порасне воспитан со многу љубов и дека добро ќе се грижат за него.

Најчитани вести