По понижувањето на Меси се огласи и Роналдо: Викајте ме Нептун

Еден од најдобрите фудбалери на светот, Кристијано Роналдо, утринава решил да се забавува. Додека целиот фудбалски свет се занимава со победата на Баерн против Барселона со 8:2, и како неговиот најголем ривал Лионел Меси, исто како и Роналдо, испадна од финалето на елитното европско натпреварување, Кристијано одлучил да се огласи и да открие што прави ова утро.

И додека многумина тајно се надеваа дека асот на Јувентус ќе биде среќен што неговиот најголем ривал Меси испадна од шампионската лига, тој си тера своја работа.

„Се разбудив утринава и се запрашав: Што се случува во морето? Викајте ме Нептун“, напиша Роналдо во описот на видеото во кое тој нурка и вежба во морето, придружено со хаштагот „Ве молам не правете го ова“.

https://www.instagram.com/p/CD6A4RlAVbG/?utm_source=ig_embed
]]>

Најчитани вести