По заштитата на сирењето, Травник сака да го заштити и гулабот

По успешното завршување на постапката за географска заштита на травничкото сирење, општина Травник започна нов проект со цел зачувување на уште еден автохтон симбол на овој регион – Травничкиот гулаб со краток клун. Целта на проектот е да се обезбеди опстанок на овој посебен вид, но и негово брендирање како дел од туристичката понуда на Травник.

Градоначалникот на општина Травник, Кенан Даутовиќ, ја истакна важноста на овој чекор, нагласувајќи дека травничкиот гулаб со краток клун е гордост на градот и неговата географска област.

Многу е важно да направиме се што е потребно за да може овој автохтон вид да опстане и во исто време да стане препознатливо туристичко искуство“, рече Даутовиќ.

Травник има богата традиција на одгледување гулаби, а краткиот гулаб  е развиен во средината на минатиот век со вкрстување на различни видови краткоклунови.

Неговата официјална стандардизација во Европа се случи во 2022 година. Здружението за одгледување и заштита на мали животни „Тулика“, кое ќе биде еден од носителите на проектот, со години вложува напори во промоција и зачувување на овој вид.

Претседателот на Здружението Хамид Бојиќ потсети дека во минатото гулабите биле незаменлив дел од секоја уличка во стариот дел на Травник.

„Не случајно овде се родил ваков посебен вид. Како признание за неговата важност, Травник веќе постави споменик на травничкиот гулаб со краток клун, а сега овој проект добива се поголема поддршка“, рече Бојиќ.

Општина Травник ќе продолжи со активностите за заштита на овој вид, дополнително промовирајќи го неговото значење во зачувувањето на локалната традиција и култура.

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести