Дејан Кокотовиќ од Цетиње починал денеска во Клиничкиот центар во Подгорица по тешките повреди со кои се здоби на 1 јануари годинава нанесени од Ацо Мартиновиќ.
Кокотовиќ е 13-та жртва на нападот на убиецот Мартиновиќ кој го изврши масакрот на 1 јануари годинава и уби 12 лица, меѓу кои и две деца, како и двајца браќа.
Кокотовиќ бил ранет во стомакот, градниот кош и главата и истата вечер бил опериран во Клиничкиот центар. За жал, напорите на лекарите беа залудни.
Во последното соопштение oд болницата се наведува дека тројца од ранетите се надвор од животна опасност, додека четвртиот, како што наведоа, се опоравува од прострелна рана во главата, пренесе РТЦГ.


