Почина пејачот Ибрахим Хајрадиновиќ Ибро, годинашен натпреварувач на шоуто „Никогаш не е доцна“

На 60-годишна возраст почина Ибрахим Хајрадиновиќ Ибро, пејачот од Скопје и годинашен натпреварувач на шоуто „Никогаш не е доцна“.

Веста за неговата смрт за „Гранд онлајн“ ја потврдиле неговите пријатели, кои истакнаа дека се борел како лав цела година по операцијата на панкреасот.

– Се бореше со сите сили до крај, но за жал не издржа – изјавиле за „Гранд онлајн“ и додале дека тој утре ќе биде испратен во вечното почивалиште.

Ибрахим минатата недела настапи на натпреварот и истакна дека благодарение на шоуто повторно ја добил волјата за живот, но и желбата за пеење.

https://www.youtube.com/watch?v=eeSGn5KtDQg

Хајрадиновиќ е роден во Сјеница во 1962 година. Почнал да пее во 1983 година, кога учествувал и победил на познатиот музички натпревар „Распеана есен“. Како награда, тој добил снимање на песна, но никогаш не ја искористил.

https://www.youtube.com/watch?v=FFQxFbe_FfY
]]>

Најчитани вести