Викторија Дивак (29), позната руска ракометарка и членка на тимот на Астраханочка, вчера е пронајдена мртва, откако паднала од зграда од осми кат, објавија руските медиуми.
Кога пристигнала Брзата помош само констатиралe смрт.
Непосредно пред трагедијата, Викторија Дивак одиграла натпревар од руското првенство против екипата на ЦСКА.
„Сите сме шокирани. Никој не знае што се случило. Во 11 часот таа сподели фотографија со пријателите и се пофалила дека си купила мачка. Во 14 часот беше мртва. Никој не разбира што се случило помеѓу. Ова е вистинска катастрофа“, изјавил нејзиниот тренер.


