Почина славниот Сем Мур

Славениот американски пејач Сем Мур почина на 89-годишна возраст. Беше член на групата „Сем и Дејв“ позната по хитовите како „Soul Man“ и „Hold On, I’m Coming“, пренесува АП.

„Мур почина во Корал Гејблс, Флорида, по компликации од операцијата“, изјави неговиот портпарол.

Сем Мур е роден на 12 октомври 1935 година во Мајами, а кариерата ја започнал пеејќи во црква.

Тој настапуваше со Дејв Пратер во соул и R&B клубови, а нивната соработка започна во 1961 година.

Мур беше во брак со сопругата Џојс, со која ја доби ќерката Мишел и имаат двајца внуци.

Најчитани вести