Во ковид центарот во Штип починаа петмина штипјани. Најмладиот има 48, а највозрасниот е на 79 годишна возраст. Во центарот хоспитализирани се 86, а 45 се зависни од кислород. Директотот на болница, Ален Ѓеорѓијев најави дека поради големата потрошувачка на кислород, од Управниот одбор денеска ќе побара за итна набавка на резервоар, кој ќе го реши проблемот со боците.
]]>


