Потрагата по телото на убиената Данка Илиќ (2) влезе во трет ден, додека убијците постојано носат припадници на полицијата на погрешни локации, пишува српски Информер.
Според последните информации се пребарува и една пештера. пред пештерата има припадници на полицијата, како и пожарникари и спасувачи.
Денеска целосен молк пред куќата на осомничениот Дејан Д. Нема никој, освен една дежурна полициска патрола.
Повеќе од десетина припадници на полицијата на МВР со најсовремена опрема во моментов ја пребаруваат Лазарева пештера која се наоѓа на околу три километри од селото Злот каде живее осомничениот Д.Д. Лазаревиот кањон како и целиот простор покрај Злотска река, во потрага по телото на детето кое, како што се сомневаат, тој вториот ден по извршувањето на кривичното дело го преместил од депонијата во околината на Бањско Поље.
Да потсетиме, Милош Илиќ, таткото на монструозно убиеното двегодишно девојче Данка Илиќ, по чие тело се трага, изјави дека тој и мајката на Данк,а Ивана се во тешка психичка состојба.
– За нас е многу тешко и не можеме да излеземе пред вас и бараме да не разберете – рекол Милош зад затворената врата од станот.
Дека тука живеело младо семејство со деца, Данкица и нејзиниот една година постар брат Лазар, на кои сè им било подредено и чија родителска насмевка им значела се, сведочат и нивните соседи.


