Поради свлечиште блокиран патот кон дебарското село Татар Елевци

Патот, кој селото Татар Елевци го поврзува со Дебар, моментно е блокиран поради свлечиште.

Од општината доцна попладнево информираа дека свлечиштето од земја и дрва е последица на излевање на голема количина на вода од пукање на водоводна цевка, која го снабдува резервоарот во таа зона.

– Надлежните екипи се на терен, каде што работат на санирање на дефектот во водоводната мрежа а потоа и расчистување на материјалот од коловозот, со цел воспоставување на нормален сообраќај во најкраток можен рок- наведуваат од општината.

Се замолуваат граѓаните да покажат максимална внимателност и да го избегнуваат движењето на овој патен правец. 

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести