Приватна “брутална” снимка на Џенифер Лопез, во траење од неколку часа, може да биде објавена поради дупките во законот кој планираат да ги искористат Ојани Ноа, првиот сопруг на латино дивата, и неговиот бизнис партнер Ед Мејер. Познатата пејачка и нејзиниот прв сопруг шест години се тужат околу спорното видео, кое наводно ја покажува Џеј Ло во нималку чедно издание.
Јавноста е најмногу напната околу секс снимките направени на медениот месец на двојката, но и караницата на мајка и со Џенифер околу нејзината зависност од коцкање, како и „лудувањето“ на Џеј Ло со една пријателка под чаршафите.
– Ние планираме да објавиме ДВД и да овозможиме стриминг на видео клиповите. Ова е видео во кое Џеј Ло е целосно гола, а има и секс сцени, особено во хотелот за време на медениот месец – вели Мејер.
– Видеото содржи брутално интересен материјал кој ќе ги шокира фановите – изјави Мејер.
Кога го прашале зошто со години инсистира на изложување на приватниот живот на пејачката, тој рече дека со неа има незавршена работа.


