Во 1708 година дописник за британското списание Аполо, запраша: „До кога ќе продолжуваме со обичаите за 1 април?“ Прашањето е едно од оние кои луѓето и денес ги поставуваат.
Загатката дека Денот на шегата, 1 април, кој го наведуваат историчарите на културата е дека само во текот на 18-иот век постојат детални наводи за тоа (и љубопитноста за истото) и почнуваат да се појавуваат. Но во тоа време обичајот веќе бил длабоко вопоставен во северна Европа и се сметал за доста стар. Па како оваа традиција била прифатена од толку многу различни европски култури без да испровоцира повеќе коментари во пишуваната историја.
Наводите за 1 април како Ден на шегата можат да се пронајдат во 15-иот век. Сепак, овие најрани наводи биле ретки и со тенденција да бидат нејасни и двосмислени. Шеспир, кој пишувал на крајот на шеснаесетиот и на почетокот на седумнаесетиот век не го спомнува 1 април, и покрај тоа што бил, како што пишува Чарлс Дикенс помладиот, писател „кој општо уживал во шегата“.
Постојат многу теории за тоа како започнала оваа теорија. За несреќа, ниту една од нив не е уверлива. Па така потеклото на „обичајот за Денот на шегата“ останува толку мистериозен за нас колку што бил и во 1708 година.
Теорија за промена на календарот
Најпопуларната теорија за потеклото на Денот на шегата е во врска со францускиот реформистички календар од шеснаесетиот век.
Теоријата оди вака: Во 1564 година Франција го реформирала својот календар, и го поместила почетокот на годината од крајот на март на 1 јануари. На сметка на оние кои не се прилагодиле на промената, кои тврдоглаво се држеле за стариот календарски систем и продолжиле да ја слават Новата година во неделата која паѓала помеѓу 25 март и 1 април, имало шеги. Шегобијците закачувале хартиени риби на нивните грбови. Оттука, жртвите на оваа зафрканција биле нарекувани Априлски риби, што до ден денешен, останува францускиот термин за 1-ви април, Денот на шегата – и така била родена традицијата.
На прв поглед, теоријата за промена на каледарот изгледа како логичко објаснување за потеклото на денот на шегата. Сепак, хипотезата станува се помалку одржлива ако подетално ја истражиме историјата на реформите на календарот.
Јулијанскиот календар
Јулијанскиот календар, кој го воспоставил Јулиј Цезар во 46 г.н.е. 1 јануари е првиот ден во годината. Но како што се ширело христијанството низ Европа, биле правени обиди да се христијанизира календарот со поместување на денот на Новата година на датум со поважно теолошко значење, како што е Божик или Велигден. Некои земји продолжиле да го користат 1 јануари оправдувајќи го тоа со датумот на обрежувањето на Христа. Како последица на тоа во 16-иот век европскиот календарски систем бил вистински хаос. Не само што имало грешки во јулијанскиот календар предизвикани од тоа што соларната година се разликувала од календарската година, туку и земјите ја започнувале новата година на различни датуми.
Повеќето региони во Франција го користеле Велигден како почеток на новата година, барем од шестнаесетиот век. Ова создавало делумна конфузија затоа што датумот за Велигден бил врзан со лунарниот циклус и промените од една во друга година. Понекогаш исти датуми се појавувале по два пати во иста година.
Сепак, Французите го користеле Велигден како почеток на годината првенствено за правни и административни цели. Први јануари, следејќи ги римските обичаи, бил широко ценет како традиционален почеток на годината, и тоа бил денот кога луѓето си разменувале подароци.
Реформите во шеснаесетиот век
Практиката годината да започнува на Велигден предизвикала огромни практични недоследности, па така околу 1500-та многу луѓе во Франција почнале да го користат 1 јануари како почеток на календарската година. На пример, во француските книги од почетокот на шеснаесетиот век било вообичаено да се видат двете форми на датирање наведени страна по страна (за наслови објавени во јануари, февруари или март). До средината на шеснаесетиот век календарскиот систем кој почнувал на 1 јануари бил во широка употреба во Франција.
Во 1563 година Кралот Чарлс Девети го назначил 1 јануари како прв ден во новата година, со што ги изедначил правните поставки со оние кои веќе станале популарна пракса. Неговиот указ бил претворен во закон од францускиот парламент на 22 декември 1564 година.
Осумнаесет години подоцна, во 1582, папата Грегориј издал папски декрет со кој се одобруваат реформи на календарот. Грегоријанската реформа вклучувала поместување на почетокот на годината на 1 јануари, како и создавање на систем на престапна година и бришење на десет дена од месецот октомври 1582 година со цел да се корегира промената на календарот. Папата немал формална моќ да ги натера владите да ја применат неговата реформа, но ги повикал христијанските нации да го сторат тоа. Франција веднаш ја прифатила реформата иако веќе го смениле почетокот на годината во 1564 година. (Многу историчари на Денот на шегата погрешно наведуваат дека Франција само го преместила почетокот на годината во 1582 кога ја прифатила реформата на грегоријанскиот календар во целост).
Со ваквата историја на ум, станува јасно дека хипотезата за промена на календарот е проблематично објаснување за потеклото на 1 април, Денот на шегата. Преместувањето на 1 јануари не се случило одеднаш во Франција. Тоа било постепен процес, кој траел во текот на целиот век. Дури и пред преместувањето, француската Нова година немала никаква очигледна врска со 1 април.
Промената на британскиот календар
Хипотезата за промената на календарот е поодржлива доколку била применета во Британија, затоа што тоа биле Британците, а не Французите, кои ја славеле Нова година на 25 март (денот на христијанскиот пост по повод Благовестието) по која следувала недела на празнувања која кулминирала на 1 април. Всушност, првата верзија на хипотезата за промена на календарот која може да се најде во печатена форма, и која датира од 1766 годна, е аргументот во британски контекст. Новинар на Џентлменс магазин во април 1766 напишал:
„Чудниот обичај кој се применува низ кралствово, кога луѓето се шегуваат едни со други на Први април, доаѓа од стариот почеток на годината и заради некои цели, и во некаква почит на 25 март, кој требало да биде денот на инкарнацијата на нашиот Бог. Тој обичај започнал кај Римјаните, како и кај нас, да се организираат празнувања во форма на октава (осум дена) за одбележувањето на новата година – празнувања кои траеле осум дена, каде првиот и осмиот ден биле главните денови, па оттука први април е „октава“ на 25-ти март, и како последица на тоа бил и заокружување или крај на постот, кој бил и празнување на Благовестието и почеток на новата година.
Британија го сменила почетокот на календарската година на 1 јануари во 1752 година. Во тоа време, 1 април, Денот на шегата, веќе бил длабоко воспоставена традиција, па конфузијата во врска со промената на календарот можеби не е причина за потеклото на обичајот во Британија. Но можно е, како со тоа шпекулира новинарот на Џентлменс магазин, дека празнувањата кои се одржувале на 1 април („октавата“ на промената на календарската година на 25 март) да се претопиле во Денот на шегата. Сепак, ова е чиста шпекулација која е на кревка основа од недостиг на други веродостојни доказ дека обичајот потекува од Британија. Најраните неиздржани поврзувања со Денот на шегата всушност доаѓаат од конинентална Европа, каде се наведува дека таму започнал Денот на шегата.
Првите асоцијации
Поврзаноста за 1 април како Денот на шегата пред 18-иот век, даваат навестувања од каде потекнува овој обичај. За несреќа, многу од овие врски се недокажани и нивното значење тешко може да се определи.
1392: Шаусер
Можеби првата поврзаност со 1 април, Денот на шегата, може да се најде во делата на Шаусер. За несреќа, оваа поврзаност е толку недокажлива што е безвредна како историски доказ.
Во „Приказните на калуѓерките и свештенциите) (пишувана околу 1392 година) Шаусер ја раскажува приказната на изгубениот петел Чаунтеклер, кој наседнал на трик на лисицата, и како последица на тоа бил скоро изеден. Раскажувачот вака ја раскажува приказната.
„Кога дошол месецот кога светот зачнал, во крајот на март кога Бог го создал човек, кога тој завршувал и скоро поминале триесет и два дена од почетокот на март“.
Овој стих создал огромна конфузија помеѓу учениците на Шаусер, затоа што бил контрадикторен. Дали тоа значи дека настаните се случиле 32 дена откако март завршил (или на 3 мај), или 32 дена откако март почнал, т.е. на 1 април? Ако последново е точно, тогаш приказната се случила на 1 април, Денот на шегата, што изгледа соодветно за приказна за измамениот петел и итрата лисица. Дали Шаусер намерно го избрал овој ден, поставувајќи ја приказната на 1 април заради традицијата за надитрувања и измами поврзани со овој ден?
Повеќето преведувачи на Шаусер не мислат така. Најпопуларната интерпретација на овој стих е дека Шаусер мислел на 3 мај, па преведувачите често го менувале текстот и тој одел„Откако март завршил“. Сепак, историчарот Питер Тревис тврди дека Шаусер воошто немал намера да постави точен датум, туку намерно користел конфузен речник со цел да направи пародија со јазикот на средновековната филозофија.
Што и да мислел Шаусер, не можеме да донесеме заклучок на основа на овие неколку реда, дека тој бил запознаен со обичајот на игри за надитрувања на 1 април.
1508: Елој Дармевал
Следната можна повзраност со 1 април, Денот на шегата, ја наоѓаме во поема од 1508 напишана од Елој Дармевал, француски хорски диригент и композитор. Поемата е насловена „Книгата за ѓаволштините“. Според Википедија таа содржи „дијалог помеѓу Сатаната и Луцифер, во кој невните злобни заговори за идните гаволски дела повремено е испрекинат од авторот, кој помеѓу другите наводи за земските и божествените доблести, забележува и корисии информации за современата музичка пракса“.
Поемата може да биде интересна само за историчарите на уметноста, а за нас само стихот „неславна скуша за многу мажи и многу жени, како првоаприлска шега“.
Фразата „априлска риба“ (poisson d’avril) е француски термин за априлска шега, но не е јасно дали Дармевал го користи терминот поточно за 1 април. Тој можеби имал намера фразата едноставно да значи шегобјство.
1561: Едуард Де Дене
Фламанскиот писател Едуард де Дене, објавил комична поема во 1561 година за благородник кој ковал план на 1 парил да го шета слугата натаму-наваму на апсурдна основа, наводно во подготовка за венчален пост. Тој слуга признава дека она што му било сместено било првоаприлска шега. Поемата на средновековен фламански е насловена „Посвета на грешниот ден/а тоа е 1 април“. На крајот на секоја реченица, слугата вели: „Се плашам дека се обидувате да ме натерате да правам нешто залудно“.
На крајот она што го имаме пред нас е чисто јасна референца на обичајот на изведување практични шеги на 1 април. Така можеме да кажеме дека 1 април, Денот на шегата, заради оваа референца потекнува најмалку од 16-от век (и други, нејасни француски референци), па така историчарите веруваат дека Денот на шегата на 1 април мора да потекнува од северна Европа и дека се проширил низ Британија.
1632: Бекството на Војводата од Лорејн
Според легендата, Војводата од Лорејн и неговата жена биле затворени во Нант. Тие избегале на 1 април 1632 година, преправајќи се во селани и излегле на главната капија. Некој забележал дека избегале и им пријавил на чуварите. Но чуварите мислеле дека е тоа „априлска риба“ (или првоаприлска шега) и се смееле, и така им овозможиле на војводата и неговата жена да избегаат.
Не е познато дали кој било дел од оваа легенда е вистинит.
1686: Џон Обри
Англискиот антиквар Џон Обри собрал многу белешки за народни обичаи и суеверја, како истражување на замисленото дело кое ќе биде насловено „Остатоци од џентилизмот и јудаизмот“. Во 1686 година тој напишал: „Свет ден за шегобијците. Го славиме на 1 април. Така е задржан и во Германија и насекаде“. Собраните забелешки биле постхумно издадени.
Така, до крајот на 17-от век првоаприлскиот Ден на шегата дефинитивно се проширил и во Британија.
1689: Капењето на лавовите
На 1 април 1689, изданието Даукс њузлетер (британски дневен весник) објавило: „Вчера на Први април, неколку лица отишле во Тауер Дич да гледаат како се капат лавовите“. Наивните жртви кои отишле во лондонскиот јаз да гледаат како „лавовите се капат“ (церемонија која не постои) била популарна зафрканција. Примери за тоа имаме најрано од средината на 19-от век.
Во осумнаесетиот век, пишани има бројни референци за Денот на шегата и се појавувале насекаде низ Европа.
Обновени празнувања
Скоро секоја култура на светот има некаков вид на празнувања во првиот месец од годината, со кој се одбележува крајот на зимата и враќањето на пролетта. Антрополозите ги нарекуваат „обновени празнувања“. Тие често вклучуваат ритуални форми на хаос и безредија. Носењето маски е вообичаено. Луѓето се зафркаваат со пријателите и непознатите. Социјалниот ред е привремено извртен. Слугите можат да им наредуваат на своите господари, или децата да се спротивставуваат на наредбите на своите родители и учители. Сепак, хаосот е ограничен со временска рамка, а тензиите се проследени со смеење и комедија. Социјалниот поредок е симболично сменет, но потоа се се враќа на старо, со што се потврдува стабилноста на општеството, како што студените месеци од зимата повремено го нарушуваат биолошкиот живот, но сепак циклусот на животот продолжува и се враќа на пролет.
Денот на шегата на 1 април ги има сите каракеристики на обновено празнување. За еден ден, формите на однесување кои нормално не се дозволени (лажење, измами, зафркавање) стануваат прифатливи, но сепак хаосот е ограничен со строга временска рамка. Традиционално, не се дозволуваат надитрувања по 12 часот на пладне на 1 април. Социјалниот поредок и тензиите се подложни на исмевање, но непријателството се сузбива со смеење.
Се додека луѓето шпекулираат во врска со 1 април, тие ги забележуваат сличностите помеѓу таа и другите пролетни „обвновени“ светковини. Многу историчари нудат теории дека Денот на шегата призлегува директно од некои такви празнувања кои се практикувале во прастари времиња. Директна врска помеѓу Денот на шегата и кое било празнување од римско доба е неверојатна, иако е сосема можно традицијата да произлегла од средновековните празнувања кои се одржувале околу Вернал еквинокс (пролетната рамнодневица, како што се новогодишните прослави на крајот на март, како што погоре опишавме). И покрај тоа, не постои општа согласност од која празнувања се развил првоаприлскиот Ден на шегата. Следува листа на некои празнувања кои најчесто се спомнуваат како негови предвесници.
Сатурналиите
Сатурналиите се римски зимски празнувања кои се одржувале на крајот на декември. Тие вклучувале играње, пиење и општа веселба. Луѓето си разменувале подароци, на робовите им било доволено да се претвораат дека тој ден се господари, и за тој ден би назначуван кралот на нередот, Сатурналикус принкепс (или Господар на нередот). Во четвртиот век од нашата ера, Сатурналиите се трансформирале во прослава на 1 јануари, Нова година, и многу од нејзините традиции биле вкорпорирани во прославата на Божиќ.
Хиларија
На крајот на март, римјаните го славеле воскреснувањето на Атис, синот на Големата Мајка Сибела, со празнувањето Хиларија. Тоа вклучувало собири и маскирање.
Холи
Во Индија се славело Холи, познато како празнување на боите, и за тоа време славниците по улиците си фрлале обоен прав и вода едни врз други. Овој празник се одржувал на полна месечина, во хинду месецот Фалгуна (вообичаено на крајот на февруари или на почетокот на март).
Пранзувањето на Луд
Севрените Европјани славеле стар празник во чест на Луд, келтски бог на хуморот. Исто имало и народни северноевропски обичаи според кои се натпреварувале друидите според хиерархијата.
Славење на лудите
Средновековниот Фестус фатуорум (Славење на лудоста) прозлегува од Сатурналиите. На овој ден се славел Господарот на нередите и се правела пародија на црковните ритуали, често во најбогохулен начин. Црквата го осудувала овој обичај, но немала среќа да го сошре и покрај честите декрети со негово забранување. Тој живеел од 5-от па се до 16-иот век.
Регионални британски празнувања
Некои празнувања кои во Средниот век се практикувале во региони во Британија, имаат сличности со Денот на шегата, 1 април. Хоке-тајд (или Хок-тајд) се прославувал околу Велигден. Жени и мажи сопирале непознати од спротивниот пол на патиштата и ги врзувале, а ги ослободувале само за пари кои биле користени во богохулни цели. Исто биле играни разни групни игри. Денот на Шиг-шаг (или Шик-шаг) бил славен на 20 мај. Славениците ставале спирали од дабови плодови на шапките и покривките за глава. Ова наводно се правело за да се покаже лојалност кон монархијата, затоа што се кажувало дека Чарлс Втори се сокрил во даб за да им избега на војниците на Кромвел. Сепак, оваа традиција наверојатно има корени во паганските обичаи на обожавање на дрвата. Некој кој не носел дабов плод ќе биле сопрен и задеван, но само до пладне. По пладнето, обврската да се „има шиг-шаг“ престанувала.
Митолошки потекла
Професорите во 18-от и 19-от век сметале дека Денот на шегата, 1 април, е прастар, и повремено се обидувале да го откријат неговото потекло во античката митологија. Таквите теории никогаш не добиле широка прифатеност, но ги вклучуваме тука затоа што тие често се појавуваат во дискусиите за потеклото на Денот на шегата.
Римската митологија
Во римската митологија Плуто, богот на мртвите, ја грабнал Просерпина и ја однел да живее со него во подземниот свет. Просерпина ја повикала својата мајка Церес (божицата на житото и жетвата) за помош, но Церес, која можела да го слушне само екот на гласот на нејзината ќерка, залудно ја барала Просерпина. Некои професори нудат теорија дека јаловата потрага на Церес по нејзината ќерка (која се одбележувала за време на римските празнувања Цереалиите) била митолошко следство на популарните надитрувања за 1 април.
Христијанска митологија
Некогаш било популарно да се христијанизира Денот на шегата, 1 април, со лоцирање на неговото потекло во библиската традиција. На пример, традицијата била извлечена од грешката на Ное да испрати гулаб од арката пред повлекувањето на водите од поплавата (затоа оттука е симобликата за испраќањето гулаб за одбележување на залудноста). Втора приказна наведува дека овој денот го одбележува времето кога Исус бил испратен од Пилат кај Херод, и повторно назад. Фразата „Праќање на човекот од Пилат кај Херод“ (стар термин на залудно испраќање некого некаде) често се наведува како доказ за оваа теорија за потеклото на денот.
Национални теории за потеклото
Постојат повеќе теории за потеклото на Денот на шегата, посебно во Велика Британија, Германија, Холандија и Франција. Ниту една од овие теории не нуди убедливо објаснување за потеклото на денот. Сепак, тоа е знак за неговата надкултурна природа за традицијата за која четири различни народи сакаат да си припишат заслуга.
Франција
Француската теорија за потеклото на денот (хипотезата за промената на календарот) беше погоре објаснета. Таа наведува дека обичајот потекнува кога Кралот Чарлс Девети го реформирал календарот и го поместил почеткот на годината од 1 април на 1 јануари. Луѓето кои продолжиле да ја слават Нова година на 1 април, биле исмевани и зафркавани, па оттука иницијативата за обичајот за надмудрувања на 1 април. Тоа се проширило низ целиот свет како најпопуалрна теорија за потеклото на првоаприлскиот Ден на шегата, и покарј недостатокот од уверливи докази.
Французите исто имаат теорија која го пронаоѓа потеклото на обичајот од лов на риби кој во француските рекички и реки на почеткот на април, кога се раѓале малите рипчиња. Овие млади риби било лесно да се излажат со јадица и мамец. Оттука, французите ги нарекуваат „априлска риба“. Наскоро тоа станало вообичаено (според оваа теорија) да се лаажат луѓето на 1 април, како начин на славење на надмудрување на лековерните риби. Французите сеуште го користат терминот „априлска риба“ да ги опишат надмудрувањата за Денот на шегата. Тие исто го одбележуваат овој обичај со меѓусебно дарување на чоколадна риба за 1 април.
Велика Британија
Британскиот фолклор го поврзува Денот на шегата со градот Готам, легендарниот град на лудите во Нотингемшаер. Според легендата, во 13-от век било традиција на секој пат на кој кралот ќе ја стапнел да стане јавна сопственост. па кога граѓаните на Готам слушнале дека Кралот Џон планира да поминува низ нивниот град, тие одбиле да му дозволат премин затоа што не сакале да го загубат главнио пат. Кога кралот слушнал за ова, испратил војници во градот. Но кога војниците стигнале во Готам, тие дошле во град полн со лудаци кои биле играле глупави игри, како што се давење на риби или обиди за затворање на птици во кафез без решетки. Измамата функционирала, но кралот иако се почувствувал насамаренј го назначил градот за прелуд за да го казни. Оттогаш, според легендата, Денот на шегата е спомен за нивното надитрување.
Германија
На 1 април 1530 година, требало да се одржи средба на пратеници во Аугусбург, кои требало да разговараат за разни финансиски проблеми. Заради тесниот рок, средбата не се одржала. Но бројни шпекуланти кои се кладеле на одржувањето на средбата ги изгубиле парите и биле исмевани. Се вели дека е ова потеклото на традицијата на надитрувања на 1 април.
Холандија
На 1 април 1572 година, холандските бунтовници го зазеле градот Ден Бриел од шпанските трупи преводени од Лордот Алва. Овој воен успех довел до независност на Холандија од Шпанија. Една холандска рима оди вака: „На 1 април, Алва си ги загубил очилата“. „Брил“ на холандски значи очила, но исто така е и кратенка за името на градот, Ден Бриел. Се тврди дека традицијата за надмудрувања на 1 април е во спомен на победата во Ден Бриел, и на понижувањето на шпанскиот командант.
]]>


