Повеќето жени-фармери се уште неформално вклучени во земјоделството

-Размислуваме и разговараме за имотот што се споделува меѓу машките и женските деца во семејството, како се наследува земјоделското земјиште, за жените да бидат носители на земјоделската дејност и натаму да ја развиваат. Ваков тип анализи се многу важни за Министерството за земјоделство со посебна поддршка да развива програми кои директно ќе ги поттикнат жените да се вклучат во нивните земјоделски бизниси, истакна Царовска. Според министерот за земјоделство Љупчо Николовски кој најави нови мерки, предвидени се 180.000 денари неповратни средства за жените што ќе имаат дополнителна дејност во руралните средини. Десет отсто од БДП, рече Николовски, отпаѓа на земјоделството, но во овие само една третина се вклучени жените. Исто така, само 20 отсто од регистрираните задруги се водени од жени претпримеачи. -Креираме нови мерки и политики и на нив ќе работи нова потсекторска група во рамки на Министерството која ќе се занимава со родовите прашања особено на вклученоста на жените во земјоделството. Засега, при аплицирање за сите мерки, дополнително бодување имаат жените. Но, ќе донесеме нови измени на Законот за земјодлество согласно кои бодувањето на жените апликанти ќе биде многу повреднувано, напомена Николовски. МИА]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести