Познат датумот кога Бен и Џенифер ќе го објават разводот: Никој нема да им ја купи куќата, ниту ним не им донесе среќа

Џенифер Лопез и Бен Афлек се уште официјално не објавиле дека се разведуваат, а прашање на денови е кога тоа ќе го објават јавно. Како што шпекулира DailyMail, двајцата наводно се договориле официјално и јавно да го потврдат разводот во последните денови од јуни.

И двајцата сакаат да избегнат заедно да го поминат Денот на независноста на 4 јули, кој е голем празник во Америка, но и да не дојдат во ситуација разводот да биде објавен непосредно пред несомнената годишнина од бракот што требаше да ја прослават на 18 јули.

Како што пишува порталот ТМЗ, раскошната и луксузна вила во која некогаш живееле и официјално е на пазарот на продажба, но и по три недели нема заинтересиран да ја купи куќата која не им донела среќа.

Џенифер и Афлек бараат 65 милиони долари за куќата, иако пред година и пол платија 60,85 милиони во кеш. Ниту Џен, ниту Бен не сакале да го задржат овој имот, секој од свои причини.

– Бен никогаш не ја сакал таа куќа бидејќи е премногу далеку од неговите три деца кои живеат со нивната мајка и неговата поранешна сопруга Џеферер Гарнер – изјави за People извор близок до познатиот актер.

Од друга страна, латино дивата сметала дека луксузниот имот е преголем за неа и нејзините деца.

Познатиот пар речиси 2 години го бараше својот дом и посети 80 луксузни имоти додека конечно не ја купи вилата што сега ја продаваат.

Луксузниот дом има 12 спални соби, 24 бањи и 15 камини, како и спортски објект од 5.000 квадратни метри, раскошен базен, театар, салон за коса и нокти, сауна, соба за масажа, салон за виски, гаража со 15 автомобили…