Презентација на конечните резултати од Пописот на населението на Црна Гора

Црногорскиот завод за статистика (Монстат) денеска ќе презентира дел од конечните резултати од Пописот на населението, домаќинствата и становите во Црна Гора, што беше спроведен на крајот на минатата година по двегодишно доцнење.  

Како што соопшти Монстат, на прес-конференцијата ќе бидат презентирани резултатите од населението според пол и возраст, државјанство, национална или етничка припадност, вероисповед, мајчин јазик и јазик што вообичаено се зборува.

Директорот на Монстат, Мирослав Пејовиќ, претходно изјави дека во наредните денови сукцесивно ќе се објавуваат податоци за другите карактеристики на населението.

МИА

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести