Mинистерството за внатрешни работи соопшти дека е приведен затвореник кој денеска избегал од затвор.
Како што се наведува во соопштението денеска во 14.20 часот на ул.”Маџари”, на подрачјето на Гази Баба од полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Џ.Д.(24) од Скопје. За него била распишана локална потерница по објава од Полициска станица Чаир, каде во 12.00 часот било пријавено дека избегал од Казнено-поправната установа Затвор Скопје.
„Лицето е приведено во Полициска станица Гази Баба, а потоа спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната“, соопшти МВР.


