Полициски службеници од СВР Куманово ноќеска ги привеле О.И.(30) од Виница и Д.Д.(32) од Скопје. Тие се сомничат дека со употреба на сила влегле во повеќе деловни објекти во Куманово и одзеле различни предмети, соопшти МВР.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.
МИА


