Сезона на тиквички, можете да ги подгответе на најразлични начини ама веруваме дека овој наш предлог ќе ве натера веднаш да пробате да ги направете.
Потребни состојки:
1 голема тиквичка
1 компир
1 лажица павлака, сол, бибер
2 лажици гриз
2 лажици презла
1 кромид
1 кафена лажичка црвена пиперка
2 јајца
магдонос
1/2 прашок за пециво
2 чешниња лук
рендано сирење
семиња
Подготовка:
Тиквичките и компирот исчистете ги и изрендајте ги, посолете ги и оставете да отстојат 10 минути, па добро исцедете ги.

Додадете ја павлаката, биберот, црвената пиперка, гриз и презла, сечканиот кромид, 2 јајца, ситно сечкан магдонос и лук и прашокот за пециво.
Сè убаво измешајте со рака. Калапите за мафини намачкајте ги со масло и наполнете ги со подготвената смеса. Израмнете со лажица, одозгора додадете рендан пармезан и посипете со семки. Се пече во рерна на 200 степени 30-40 минути.


