Тамарило
Тоа е овошје со потекло од Јужна Америка. Расте на дрво и е слично на домат. Бидејќи има многу силна арома, не се препорачува мешање со друго овошје.

Папаја
Папајата мириса малку на кајсија. Ако е свежа, многу е сочна. Папајата има извонреден вкус во комбинација со шунка или месо, исто така е одлична со овошна салата или со разни сирења. Најдобро се ужива во неа кога се служи малку изладена.

Кивано
Ова овошје наликува на краставица, само што е многу помало. Вкусот е доста сличен на банана.

Карамбола
Карамболата е позната по својата необична форма ако се пресече по ширина, се создаваат украсни ѕвезди. Самото овошје е многу сочно и има вкус на кисело грозје. Карамболата е идеална декорација за долги коктели или колачи.


