Лековите против Тигарот мора да дадат резултати затоа што потезите на антигруевизмот се рационални, фармаколошки, па дури и ако сакате – лабараториски прецизни
Ако земеме традиционално, Македонците изминативе години се „упецаа“ како кленови на Груевистичкиот режим: непросветен апсолутизам, со по некое убиство – па покрај психијатријата, може да се објасни како владетел кој не’ го изгубил окото, главата и власта; што значи поминува засега „безболно“, не губејќи го окото, главата и власта.
Груевски создаде општествена толеранција која ќе се глода во корист на омразата, и само тој се одважи целата нација да ја пресели во вештачка реалност, во непостоечки свет на илузии, сималакруми, обмани и лаги. Македонија изминатава декада со Груевски има однос како точак и кочница, однос во кој само осовината им е заедничка; едниот сака да врти, другиот да кочи. Во пркос на различните цели, еден на друг си задаваат болка.
Да се обидам во два возможни одговори. Македонците на избори мора да го раскинат договорот со Груевски; Македонците мора да покажат дека не може она што Груевски ќе каже дека мора. А точен одговор веројатно претставува комбинација од овие два одговора, за кои ќе се обидам да дадам одговори подоцна. Ама суштината на мојата теза е дека лековите против Тигарот мора да дадат резултати затоа што сите потези на антигруевизмот се рационални, фармаколошки, па дури и ако сакате – лабараториски прецизни.
Груевски успеа да биде неприкосновен на „теренот“, ја совлада вештината на давање на емоционални решенија за политички, економски и социјални проблеми, а потоа нудеше едноставни обрасци од „ние“ и „тие“. Да нема дилема, Груевски го зададе таквиот образец до танчина и ширина. Груевски го зададе таквото политичко-макевијалистичко поле, Груевски создаде општествена толеранција за да се глодаме во корист на омразата, и само тој се одважи целата нација да ја пресели во вештачка реалност, во непостоечки свет на сималакруми, илузии, обмани и лаги.
Имено, кога во политиката ќе воведете потсвест, ирационалност, митолошки талог од нагони, стремеж, страв, па ќе ги украсите со презир према моралните норми, чувство за другиот, чувство за слабиот, солидарност кон загрозениот, емпатичност кон ранливиот, сочувство према другиот и можност за поглед од негова перспектива, во спротиво, ја поттикнувате вродената човечка склоност кон злоба, злостор, растурање, ги убивате сите институции и воведувате насилна смрт како политичка категорија, добивајќи портрет на денешна Македонија.
Таа, денес, е чудна фолклорна земја која не ја боли тоа што е – а дали има снага да биде нешто друго, тоа е големо прашање за кое одговорот ќе го дознаеме на изборите. Дури, ќе бидам дрзок, со право (!), еве дефиниција за груевизмот која ја давам за награден конкурс во една реченица: Груевизам претставува спиритуалистичка сеанса во запалена куќа од духови; сите присутни знаат дека куќата гори и гледаат како водачот на култот зборува од стомак, ама оние кои се поткупени да не’ го кажат тоа гласно – ентузијастички ги толчат сите оние кои се за ставање глас во онаа изборна кутија.
Кога доаѓаше на власт, Груевски на Македонците им понуди минимална цена за да го исправат минатото, неправдите и историските порази. Стана сигурен, како во оваа нација доработеното минато делува на иднината неспоредливо со поголема снага од сегашноста. На тоа ја авансираше сеопштата аболиција, простување од секаква одговорност за секој Македонец кој во име на историските неправди, или во име на возвишените национални цели ќе ги прекршува било кои од десетте Божји заповеди на Севишниот. За емоционалнот гориво, низ кој, пак, така спектакуларно паѓаше во делириум полуписмената патриотска маса, се грижеше фаланга од лажни историчари, лажни писатели, лажни уметници, лажни пророци, болни месии, ретардирани „факири“ стварајќи од стара епска реторика: клозетска уметност!
За да ги спречи нормалните кои се „курдисаа“ да ги спречат паранормалните во нивниот наум како би успеале сите нас да не’ држат во заложништво, Груевски организираше две работи, што не враќа на почетната теза на овој текст. Прво, ги натера нормалните да се тресат од судот на мнозинството (онаа пролупана и наштелувана маса, но не помалку опасна), од медиумскиот, а со тоа и физичкиот линч, само како би можела нахушканата толпа да протерува и „ритуално“ убива. Така го уништи македонското јавно мнение. Затоа го уништи и правосудниот систем.
Второ, направи концепт од медиуми така што единствената нивна задача беше да ги сокријат од Македонците сите нивни порази, сите нивни страмови и свињарии во оваа деценија. Кога немате јавно мнение и кога државните медиуми не ја зборуваат вистината за состојбата на нацијата, државата и катастрофите кои не задесија – а ние кои со децении ќе го плаќаме груевистичкото курчење – добиватe фантастична политичка вистина дека третина од Македонците и натаму верува како Груевски е најдобриот, а не најлошиот, дека целиот свет гледа како сме ние пример за демократија, слобода и економски раст, и дава идилична слика за совршен успех, само што режимот и нацијата ја расипува една група од предавници, блудници и платеници.
На крајот, знае Груевски дека Отворена Македонија, пазарна економија, законитост и мир го довршуваат неговото владеење веднаш, сега и тука. Заради тоа, сурија од беспомошни Македонци ги направи зависни од државната милост, затоа владеењето на право го персонализираше со апсолутната, лична власт и затоа, додека ќе може Тој да одлучува, никогаш во Македонија нема да има мир, стабилност, слога, економски раст или било која општествена нормалност. Груевистичкиот режим и регуларност во било што – апсолутно се инкомпатабилни!
Сите (анти)фројдовци да се „нурнат“ во барање на одговор за прашањето: дали Македонците се желни за слобода или се сити од Груевски? Ако одговорот е во првото прашање – Груевски е во сериозна неволја. Ако е во ова другото, ние сме во уште поголема.
Пишува: Ненад Јовановиќ,
граѓански активист


