Ќерката на популатната пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, и пејачка Анастасија Ражнатовиќ, го чека своето прво дете со фудбалерот Немања Гудељ.
Младата поп ѕвезда моментално е бремена во четвртиот месец и чека девојче, објавија локалните медиуми.
Во моментот таа и нејзиниот партнер се во Севиља и веќе интензивно ја подготвуваат собата за бебето.
По тестот и ултразвукот идните родители дознале дека кон средината на септември нивното семејство ќе го добие новиот член, пишува „Блиц“.
Името за девојчето се уште не се знае, но се шпекулира дека ќе го носи името на една од бабите.
Во продолжение погледнете ги првите фотографии од бремената Анастасија Ражнатовиќ:



На вториот ден од Велгден, годинава, Цеца стана баба по вторпат од синот Велко кој заедно со неговата сопруга Богдана го добија второто дете.


