Рама: Состојбата со пожарите во Албанија се подобрува

Состојбата со пожарите се подобри благодарение на пожртвуваноста на сите државни структури, кои продолжаат со заеднички напори за гаснење на пожарите што ја зафатија земјата во последните денови, објави албанскиот премиер, Еди Рама.

Наведува дека над 1300 пожарникари и над 1000 припадници на вооружените сили распоредени се низ целата земја, при што посебна благодарност искажа за припадниците на специјалната воена единица „Командоси“, кои „биле додадена вредност во локализирањето на пожарите со големи размери помеѓу Делвина и Ѓирокастро“.

Тој и овој пат нагласи дека во кривичниот законик ќе се предложи измена со која „потпалувањето ќе се израмнува со убиство“.

Според Министерството за одбрана во последните 24 часа регистрирани се 57 пожари, од нив 27 се сеуште активни, најсериозна е ситуацијата во селото Џат, кај Фуш Арез, кој е од поголеми размери.

Министерството за внатрешни работи објави дека „од јуни до денес под сомнение за подметнување пожари се идентификувани 137 лица, од кои 46 се во притвор, додека 91 се кривично гонети“.

МИА

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести