Рашковски: За референдумското прашање

1. Граматички Синтаксички референдумското прашање е проширена реченица – има само еден глагол (помошниот глагол СУМ) што значи дека во себе не содржи две реченици а следствено на тоа и две прашања. Ваквата проширена реченица со само еден глагол е условна реченица, и од исполнување на условот (прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција) зависи исполнување на дејствието во реченицата (членство во ЕУ и НАТО). Тој услов е веќе предвиден и во пристапните преговори со ЕУ и во пристапните преговори во НАТО. На крај на граматичкиот дел – доколку не знаете колку прашања има во една реченица – избројте колку интерпункциски знаци има во неа 🙂 2. Правно Ваквиот тип на прашања во правото се познати како “врзана понуда” и на “понудениот” не му е оставено да избира помеѓу деловите од понудата туку да ја избере “комплетната понуда. Сликовито: Одите во ресторан за брза исхрана и имате мени оброк – сендвич и сок за 120 денари. Прашањето кое ви го поставува ресторантот е: Дали сакате сендвич и сок со тоа што ќе платите 120 денари. Тоа е едно прашање. Не добивате посебно прашање за секој од продуктите. Дури и доколку сакате посебно да купите, тоа е веќе сосема друга понуда. Или преку пример во семејството – Дали ја земате Veronika Raskovska да биде ваша верна сопруга, во добро и во лошо, се додека смртта не ве раздели? Јас мојата сопруга ја земав и за во добро и за во лошо. Немав опција да ја земам само во добро, а и да имав немаше да прифатам 🙂 и ваквото прашање кое го добиваме пред брак е сосем уставно и не е причина за поништување на бракот. 3. Математички Основно правило во математиката е кога имаш заеднички множител за два броја кои се множат, множителот да се извади пред заграда, а броевите кои се множат да се стават во заграда и како такви да се претворат во еден. Математички поставена равенката е следна: ЕУ х Договор + НАТО х Договор = референдум но исто е и (ЕУ + НАТО) х Договор = референдум како и да ја поставите задачата – резултатот е ист. На 30 септември Македонија ќе успее да ра реши равенката. А резултатот ќе биде позитивен. Во однос на правната природа на референдумското прашање – дали е консултативен, задолжителен, претходен …. тоа е прашање со кое треба да се занимава правната наука, а не Уставниот суд. 2 правника – 3 мислења. Фејсбук статус на Драги Рашковски

]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс