Полициската станица во Прилеп поднесе кривична пријава против Д.Е.(20), Е.Б.(26) и Ѓ.Ш.(24) сите од Прилеп, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „насилство“ и „разбојничка кажба во обид“, извести МВР.
Имено на 20.02.2014 година околу 16.00 часот пријавените влегле во дворното место и помошните простории во кука во Прилеп, извршиле пребарување, но откако биле затекнати од сопственикот избегале. Истиот ден околу 16.45 часот предводејќи толпа од повеќе луѓе се вратиле во куќата на оштетениот и почнале да удираат со клоци и тупаници по патничко моторно возило на оштетениот, потоа влегле во неговиот двор каде со каиши почнале да ги удираат него и неговата сопруга заканувајќи им се.
Од страна на судија на предходна постапка на Основен суд Прилеп на пријавените им е одредено мерка притвор во траење до осум дена.
]]>


