Рецепт за превкусен сос за тестенини кој има вкус како оние од најдобрите ресторани

Лесен за подготовка а има неверојатен вкус.
Потребни состојки:

Тестенини (облик по желба)

2-3 парчиња пилешки гради

200 гр. крем сирење

1 мала кесичка пилешка крем супа

1 тегла печурки

1 домат

1 пиперка

100 мл. млеко

сол, бибер и зеленчук, малку масло, малку магдонос.


Подготовка:

Исечете го месото, додадете од зачините, измешајте и пропржете на малку масло. Во месото додадете крем сирење, печурки, домати исечкани на коцки и пиперки исто така исечкани на коцки. Пропржете и додадете ја пилешката крем супа. Се динста уште малку, се додава млекото и се вари. Посипете со малку магдонос и извадете го од огнот.

Сварете ги тестенините во солена вода, исцедете ги и додадете го сосот. Промешајте и послужете топло.

Најчитани вести