Регистрирани 23 нови случаи на КОВИД-19, починало едно лице

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 направени се 953 тестови, а регистрирани се 23 нови случаи на КОВИД-19, од кои еден е реифнекција, информира Министерството за здравство.

Од новите случаи, 19 се од Скопје, двајца од Прилеп и по еден од Гостивар и Свет Николе.

Регистрирани сe 190 оздравени пациенти од: Скопје – 108, Битола – 23, Кавадарци – 13, Гевгелија – 9, Прилеп – 7, Велес – 6, Куманово – 5, Ресен – 4, Струмица и Кичево – по 3, Тетово, Штип, Кочани и Пробиштип – по 2. Свети Николе – 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Охрид (80г), починато во болнички услови со коморбидитети.Направени се 953 тестови преку: ИЈЗ-40, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово-0, ЦЈЗ Куманово-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-37, Авицена-23, Биотек-29, Систина-36, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност-0, Генеа-0, Никоб Лаб-149, ВФВ Медикал-21, Ели Медика Плус-5, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–2, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 611.

Досега во земјата се направени вкупно 1.984.493 тестирања на КОВИД-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.817, бројот на оздравени пациенти е 297.354, на починати е 9.252, а бројот на активни случаи изнесува 1.211.

MИА

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести