Пејачката Ријана е фотографирана во светло розев капут, што го носела отворено под градите, а нејзиниот гол стомак покажува дека таа е бремена.
Со овие фотографии веќе е и официјално дека Ријана и раперот АСАП Роки го чекаат своето прво дете.
Двојката во петокот била забележана како се шетаат низ Њујорк, а пејачката не се ни потрудила да го сокрие својот стомак, напротив, таа гордо го покажала и покрај ниските температури и снегот.
Оваа убава вест и фотографиите веднаш го обиколија светот.