Рубио: Трамп е единствениот кој може да го доведе Путин на преговарачка маса за Украина

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека, кога станува збор за преговорите за Украина, најважно е да се донесе рускиот претседател Владимир Путин, што, како што рече, само американскиот претседател Доналд Трамп е способен да го направи.

„Единствениот начин да се заврши (војната) е ако Владимир Путин дојде на преговарачка маса“. И во моментов, претседателот Трамп е единствениот човек на Земјата кој има какви било шанси да го доведе на маса за да види што би бил подготвен да направи за да ја заврши војната“, рече тој во интервју за ABC News.

Рубио, кој присуствуваше на состанокот во Белата куќа меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот, рече дека мировните преговори немаше да напредуваат доколку Трамп се сложеше со Зеленски по прашање за тоа дали може да му се верува на Путин.

„Поминавме три години нарекувајќи го Владимир Путин со погрдни имиња. Не е тоа поентата. А поентата во која сме сега е дека се обидуваме да донесеме човек на маса, Русите. И реков од самиот почеток, можеби и тие не сакаат договор, не знаеме. Но, не сме разговарале со нив три години“, рече Рубио.

Тој рече дека е премногу рано да се разговара за безбедносните гаранции што Зеленски ги побарал од САД, наведувајќи дека мирот е предуслов за какви било гаранции, што, според него, Зеленски требало да ги свати во текот на средбата.

Рубио истакна дека Трамп заслужува поддршка за обидот да донесе мир во Украина, пишува Политика.

Најчитани вести