Полицијата вечерва приведе граѓанин кој се обиде да го испрска Никола Груевски со спреј додека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ говореше на митинг кај хотелот „Јадран“ во центарот на Скопје, објави порталот СДК.мк.
Според очевидци, додека Груевски зборувал, граѓанинот се обидел да се качи на бината, но бил запрен од обезбедувањето и тој тогаш се обидел нив да ги испрска со спреј. Најверојатно станува збор за спреј за самоодбрана.
На митингот, на кој зборуваа и скопскиот градоначалник Коце Трајановски и кандидатот за градоначалникот на Центар Дејан Јовановски, продолжи без оглед на инцидентот.


